Се што ВМРО-ДПМНЕ зборуваше од опозиција, го потврди и Стејт Департментот. Артан Груби и Енвер Беџети се најдоа на црната листа на САД.
ПИШУВА СВЕТИСЛАВ ВАСЕВ
ДУИ со години ја имаа заробено државата преку судството и обвинителството, кои им беа продолжена рака за правење пазар.
Сега јасно се гледа дека и театарот пред Уставен суд е за спас на политичката функција на поединци.
Ова е порака до сите извршители на ДУИ и СДС во судството, дека се се знае и дека ќе треба да се сносат со последиците од нивното слепо послушништво.
Битката за владеење на правото во Македонија само што почна. Политичките криминалци ќе бидат поразени, а Македонија ќе застане на здрави темели.