На европските берзи утринава цените на акциите пораснаа втор ден по ред, најмногу во банкарскиот сектор, кој закрепнува по серијата мерки на централните банки за стабилизирање на секторот.

 

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,9 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред. Лондонскиот FTSE индекс порасна за 1,14 отсто, на 7.488 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 1,29 отсто, на 15.126 поени, а париски CAC 1,43 отсто, на 7.113 поени.

 

Благодарение на низата мерки на централната банка за подобрување на ликвидноста, банкарскиот сектор се стабилизира последните денови.

 

Така, утрово во европскиот банкарски сектор цените на акциите поскапеа во просек за 1,8 отсто, при што цената на акцијата на UBS порасна за 3,5 отсто, а Credit Suisse стагнира, по вчерашниот остар пад. Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, беше околу 9,30, што е раст од 0,6 отсто.

 

Во исто време, цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,4 и 1,4 отсто. Во Јапонија денеска нема работа поради празникот.

 

Азиските берзи го следат вчерашниот раст на Волстрит, каде Dow Jones зајакна 1,2 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,9 отсто, а Nasdaq индексот за 0,4 отсто.

 

Растот на пазарот е благодарение на стабилизацијата на банкарскиот сектор поради што стивнаа стравувањата од банкарска криза, која преовладуваше на пазарот по неодамнешниот колапс на двете американски банки – Силициумска долина и Сигначр – и поради проблемите на неколку другите банки, вклучително и Credit Suisse.

 

Швајцарските монетарни власти успеаја да склучат договор според кој UBS ќе го купи Credit Suisse за 3,2 милијарди долари, но со огромни отписи од втората по големина банка во Швајцарија, што доведе до големи загуби за акционерите и сопствениците на обврзници на Credit Suisse.

 

Тоа предизвика цената на акцијата на Credit Suisse нагло да падне вчера, но ги увери инвеститорите кои стравуваа од прелевање од таа банка на други.

 

На пазарот позитивно влијаат и шпекулациите дека поради проблеми во банкарскиот систем и олеснување на инфлаторните притисоци, американската централна банка би можела да го забави темпото на зголемување на каматните стапки.