Како што јавуваат возачи, во несреќата учествувале товарно возило камион и џип.

Според првичните информации, во несреќата нема потешко повредени лица.

Во несреќата џипот е целосно оштетен, додека камионот се наоѓа на едната страна на коловозот заради што сообраќајот се одвива по една лента, велат возачи.

Увид на лице место вршат од полицијата, од каде повеќе детали најавија во текот на денот.