Се огласија и од Обвинителството и од МВР за денешната акција која се спроведува во Куманово, а во која се апсат осомничени за изнуда, лихварство, уцени и изнуда.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција координира дејствија на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста, информираат од Обвинителството.
Од МВР додаваат дека по завршување на акцијата ќе споделат повеќе информации.
-Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР вршат претреси во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК во врска со кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“, соопштија од МВР.
