Како што пишува весникот „Естерајх”, Курц од следната година најмногу време ќе поминува во САД, бидејќи се вработил во приватниот сектор, во областа на инвестициите.
Курц најави дека следната година ќе објави детали за новото работно место и за која компанија станува збор. Естерајх тврди дека веќе е јасно дека Курц на новата работа ќе заработува повеќе отколку за време на неговиот мандат како канцелар.
Како канцелар имал годишна плата од 312.000 евра, а на новото работно место ќе заработува околу половина милион евра годишно.