Македонската фудбалска репрезентација на вечерашниот дуел против селекцијата на Шкотска во рамките на Б1 групата од Лигата на нациите ќе настапи во променет состав.
Селекторот Гоце Седлоски одлучи да направи неколку промени во однос на почетните единаесетмина од претходниот дуел со Словенија. Збиениот натпреварувачки ритам од натпревари во сабота и вторник го прави своето, па стручниот штаб мора почесто да ротира и да внесува свежина во составот.
Македонскиот национален тим мечот против Шкотска го започнува во следниот состав: Димитриевски, Илиевски, Херера, Муслиу, Мелиќи, Младеновски, Барди, Станковски, Гаштаров и Миовски.
Почетокот на натпреварот меѓу двете репрезентации е предвиден за 20:45 часот.
