Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика во сабота, 15 јануари 2022 година, во 11:00 часот.
Ова Џафери му го соопштил на мандатарот Димитар Ковачевски на денешната средба кога тој во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа.
-Денеска, мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, официјално му ги достави на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Предлог-составот и Предлог-програмата за работа на новата влада. На средбата посочи дека очекува изборот на членовите на владата и нејзината програма да бидат одобрени без одложување, соопшти собраниската прес-служба.
Претседателот Џафери на оваа средба го информирал Ковачевски, дека седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика во сабота.