Судскиот совет на Република Македонија денеска треба да ја одржи 548-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на извештај со предлог листа на кандидати за претседател на Основен кривичен суд Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје.

На дневен ред, е и усвојување на измени и дополнувања на Годишната програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, како и избор и разрешување на судии поротници и формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.