Донесени нови одлуки за општинските комитети на партијата
На вечерашната седница на ВМРО-ДПМНЕ биле донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети, а за нов портпарол на партијата е избран Валентин Манасиевски.
Од партијата соопштија дека дел од новите претседатели се нови лица, додека дел се актуелни претседатели кои оствариле резултати во изминатите изборни циклуси и во локалните самоуправи.
„Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи“, соопштуваат од партијата.
Манасиевски е долгогодишен активист на ВМРО-ДПМНЕ, а својот партиски ангажман го започнал во структурите на УМС.
„Манасиевски е долгогодишен активист на ВМРО-ДПМНЕ, кој својот партиски активизам го има започнато во структурите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Има завршено високо образование на Филозофскиот факултет при УКИМ, а моментално е на мастер студии на УГД во Штип“, велат од партијата.
Објавени имињата на новите претседатели на општинските комитети
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека со овие кадровски решенија се поставуваат основите за идните политики и активности на локално и централно ниво.
„ВМРО-ДПМНЕ со овие кадровски решенија ја гради иднината на државата, како на локално, така и на централно ниво“, велат од партијата.
Во продолжение, новите претседатели на општинските комитети:
ИЕ 1
- ОК Карпош – Тони Јаревски
- ОК Кисела Вода – Иван Живковски
- ОК Македонски Брод – Бисера Златеска
- ОК Аеродром – Дејан Митески
- ОК Центар – Сергеј Попов
- ОК Сопиште – Јане Мицевски
- ОК Студеничани – Кенан Абди
- ОК Сарај – Мартин Стојановски
ИЕ 2
- ОК Чаир – Ѓоко Велковски
- ОК Бутел – Дарко Костовски
- ОК Чучер Сандево – Зоран Бајовски
- ОК Гази Баба – Зоран Коцевски
- ОК Куманово – Филип Филиповски
- ОК Старо Нагоричане – Ивица Димковски
- ОК Ѓорче Петров – Бојан Стојаноски
- ОК Шуто Оризари – Ерџан Демир
ИЕ 3
- ОК Зелениково – Дејан Димишковски
- ОК Зрновци – Виктор Анакиев
- ОК Чешиново Облешево – Славе Донев
- ОК Илинден – Александар Ѓорѓиевски
- ОК Петровец – Драгана Узелац
- ОК Велес – Игор Здравковски
- ОК Чашка – Трајче Мишкоски
- ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски
- ОК Лозово – Стојан Пешевки
- ОК Свети Николе – Бојан Митев
- ОК Штип – Душко Иванов
- ОК Карбинци – Гордана Барбашка
- ОК Кочани – Александар Андов
- ОК Виница – Александар Јованов
- ОК Македонска Каменица – Љупчо Марков
- ОК Делчево – Иван Гоцевски
- ОК Пехчево – Миле Гошевски
- ОК Берово – Столе Каракутовски
- ОК Крива Паланка – Емил Спасовски
- ОК Ранковце – Даниел Павловски
- ОК Кратово – Љупчо Спиров
- ОК Пробиштип – Тони Тоневски
ИЕ 6
- ОК Тетово – Александар Велјановски
- ОК Гостивар – Мартин Андоновски
- ОК Теарце – Радица Ѓорѓевска
- ОК Брвеница – Јовица Илиевски
- ОК Јегуновце – Димитар Костадиновски
