Тошковски: СДСМ е заштитник на криминалите на ДУИ во минатото
По нападите од СДСМ за неговиот недвижен имот, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека опозициската партија се однесува како заштитник и покровител на сите криминали на ДУИ во минатото“. Најави дека во иднина МВР врз основа на докази и факти ќе ги процесуира сите оние постапки што ги има, нагласувајќи дека во неговиот мандат нема да има повеќе недопирливи, туку секаде каде што има докази ќе бидат поведени соодветни постапки.
СДСМ со напади кон Тошковски
Од СДСМ објавија документ во кој се гледа како што тврдат дека поклонетиот имот на актуелниот генерален секретар на Владата Јанушев е заверен од адвокат Панче Тошковски и дека и тој има стан во истиот објект. Според нив тоа е крајно сомнително и надлежни институции треба да го истражат целиот случај.
Јанушев: Седум години беа на власт – ако имаше нешто ќе постапеа
И Јанушев ги отфрли обвинувањата. Вели дека не постои никакво подарено земјиште туку дека има погрешно внесени податоци за што веќе е направена и корекција од негова страна. Според него хајката на СДС е неоснована, седум години беа власт ако имаше било што ќе постапеа, сега ги фаќа страв затоа што секојдневно како Генерален секретаријат откриваат како што вели Јанушев, нови злоупотреби што ги правеле и ќе треба да одговараат.
ВМРО-ДПМНЕ реагира
СДСМ е безидејна во нападите кон функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата и се сомневаат дека ова следи откако МВР бескомпромисно сака да расчисти со криминалот од Али Ахмети.
Панче Тошковски којшто е адвокат познат на македонската јавност веќе еден месец е на функцијата министер за внатрешни работи, а претходно на функцијата беше и како технички министер. Игор Јанушев е генерален сектретар во новата влада предводена од Христијан Мицкоски.