Грчката полиција соопшти дека возилото со 15 лица се движело по автопатот од североисточната граница на Грција со Турција кон Солун, кога нешто по полноќ се случила несреќа, пренесуваат агенциите.

Возилото се движело со голема брзина, а возачот изгубил контрола додека се обидувал да излезе од автопатот, удрил во рампата за патарина, а потоа удрил во блискиот контејнер, соопшти полицијата.

Повредени се четворица мажи од Пакистан, еден од Авганистан и двајца од Непал, како и 35-годишен молдавски возач.

Тие се пренесени во болниците во градовите Ксанти и Комотини, во североисточна Грција.

Една жена е меѓу седумте загинати во несреќата, а националноста на загинатите не е веднаш позната, соопштија властите.