Силни песочни бури уште еднаш го зафатија ирачкиот главен град Багдад, создавајќи портокалова магла, и притоа однесоа неколку животи во соседна Сирија, соопштија денеска активисти, јави ДПА.
Седум лица загинаа во источна Сирија, меѓу кои и две деца, соопшти денеска Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.
Силниот ветар корнеше дрвја и предизвика прекин на електричната енергија во провинцијата Деир ал Зур, додаде ДПА.
Во Ирак, повторните песочни бури предизвикаа тешкотии со дишењето кај стотици луѓе.
Ирачкото Министерство за здравство соопшти дека 2.000 пациенти биле пренесени во болниците. Амбулантни возила се распоредени низ целата земја за да им помогнат на луѓето во опасност од задушување, јави државната агенција ИНА.
На 5 мај, песочната бура во различни делови на Ирак предизвика најмалку 5.000 случаи на респираторни проблеми, соопшти ирачкото Министерство за здравство.