Според најновата анкета на Галуп, доколку изборите за Националното собрание се одржат во првата половина на септември, ГЕРБ -УДФ ќе добие 22,5 отсто од гласовите на возрасните Бугари, а БСП – 16,1 отсто, пренесува дописник на МИА од Софија.

Според истражувањето, „Демократска Бугарија“ би добила 15,8 отсто, „Има таков народ“ – 15,5 отсто, Движењето за права и слободи – 11,9 отсто, а последни што же го обезбедат изборниот цензус се „Стани, Бугарија! Доаѓаме!“ Со 4,8 отсто.

Истражувањето беше спроведено пред поранешните привремени министри Кирил Петков и Асен Василев да ги објават своите намери да се кандидираат на изборите. Двајцата се меѓу политичките фигури во Бугарија со личен рејтинг со најбрз раст, наведува агенцијата Галуп.

Истражувањето беше финансирано од Агенцијата Галуп и беше спроведено помеѓу 2 и 10 септември меѓу 1.007 лица.