„Секој што ги навредува чувствата на Македонците ќе одговара“. Со овие зборови минитерот Тошковски јасно покажа дека МВР работи во интерес на граѓаните. Бројката на уапсени се искачи на 17 лица по фамозната прослава Ден на албанското знаме.
Неуспешен обид за дестабилизација на државата
Не успеја обидот на ДУИ за дестабилизација на државата преку дивеење. Денеска расте бројката на приведени, а премиерот Мицкоски и минситерот Тошковски се децидни дека се работи за мала група која сака да предизвика етнички тензии.
Се идентификуваат граѓани, бројката дополнително ќе расте
Полицијата врз основа на пристигнати видеа од граѓани од социјалните медиуми продолжува да идентификува и други сторители на Денот на албанското знаме. Се идентификуваат и сторителите на сообраќајни прекршоци.
17 лица се уапсени за сквернавењето на македонското државно знаме. Дел од нив се малолетни лица. За сите има соодветен поднесок до Обвинителството, соопшти министерот за внатрешни работи, Тошковски.
Приведени се и три лица за сквернавење албанско знаме
Приведени се и тројца во Прилеп кои го сквернавеле албанското знаме. Ќе биде соодветно санкциониран еден полицаец којшто бил на должност во Куманово и го отстранува албанското знаме, како и неговите колеги во полициското комбе.
Пронајден и приведен е и малолетникот којшто ја откорнал плочата на почесниот конзулат на Србија во Куманово.
Меѓу приведените има и малолетници
17-годишно момче и уште тројца малку повозрасни се уапсени за сквернавење на македонското знаме. Го симнале, згазиле, скинале и запалиле на прославата на албанскиот национален симбол. Дел од насилниците се уапсени на самото место, по дел се трага. Освен овие четворица, уште толку се приведени за предизвикување инциденти.
Министерот Тошковски со порака – секој што ги навредува чувствата на Македонците ќе одговара според закон.
Казна од 1 до 5 години затвор
Освен МВР, во расчистување на инцидентите ангажирано е и јавното обвинителство. Оттаму велат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Осомничените се сослушани, а се соочуваат со кривична одговорност за подбивање со националните симболи, за што е предвидена казна од 1 до 5 години затвор.
Опозициските партии со критки кон власта, во најголем дел неосновани критки кон минситерот Тошковски. СДСМ кои на власт заборавија за национално чувство, од опозиција наеднаш станаа патриоти.
ДУИ со обвинувања кон полицијата. Од крилото на Села во партијата Алијанса за Албанците објавија видеоснимка на социјалните мрежи со која тврдат дека за време на прославата било запалено и албанското знаме.