Откако ДУИ се ребрендираше во зелена партија, Села обвинува дека тие се најголемите виновници за уништувањето на животната средина. Вели дека иако на некој начин со ребрендирањето признаваат вина, но сепак ветуваат дека ќе ги решат проблемите.

– Нема да стане зелена партија, тоа им е привремено, за локалните избори за да манипулираат со гласачите. Нема да го решат тоа. ДУИ има само една потреба, да замине во опозиција и малку да го тргне товарот од криминалот и корупција, вели Села.