Селекторите Гоце Седлоски и Мурат Јакин ги објавија стартните состави за вечерашниот меч во Луцерн меѓу Швајцарија и Македонија.

Стартниот состав на Македонија го сочинуваат: Димитриевски, Стојчевски, Зајков, Муслиу, Елмас, Алиоски, Барди, Растодер, Елези, Дориев и Митровски.

За репрезентацијата на Швајцарија на теренот ќе истрчаат: Мвого, Бричги, Елведи, Акнџи, Сиеро, Фројлер, Амдуни, Ндоје, Родригез, Сов и Ридер.

Натпреварот се игра на „Термоплан Арената“ во Луцерн, а главен судија на средбата е Едгарс Малцевс од Летонија.