ПРОВАЛИ ВО ФИРМИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ

Во текот на ноќта биле пријавени две одделни провали во објекти на финансиски друштва на подрачјата на Центар и Гази Баба, при што биле одземени пари и сеф, соопштија од МВР.

Според информациите од СВР Скопје, на 17.01.2026 година во 05:20 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар насилно било влезено во објект на финансиско друштво и бил одземен сеф со пари.

Претходно, во 04:44 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, исто така во објект на финансиско друштво, со употреба на сила било влезено и биле одземени пари од сеф.

Од полицијата информираат дека во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните.

 

 

 

 

 

 

 

ПРОВАЛИ ВО ФИРМИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ