Репрезентацијата на Македонија се наоѓа во Грција каде ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2028 година. Македонските ракометари се подготвуваат за предизвикот што следува на гостински терен.

Селекторот Кирил Лазаров е целосно свесен за важноста на овој квалификациски натпревар.

„Не очекува пеколен меч, една одлична репрезентација која во баражот за Светското првенство ја мина Холандија Ќе пристапиме сериозно, треба да бидеме спремни на се. Мора да имаме контрола. Можни се многу ситуации и сценарија, спортски пред се, мора психолошки да ја подготвиме екипата за овој меч. Важен ми е пристапот и како ќе играме. Треба да држиме темпо како и со Луксембург“, изјави Лазаров.

Натпреварот помеѓу селекциите на Грција и Македонија е закажан за в недела со почеток од 16:00 часот. Во рамките на првото коло македонскиот национален тим извојува победа против Луксембург, додека грчките ракометари беа поразени од селекцијата на Шведска.