КОВАКС соопшти дека на Северна Кореја ќе и обезбеди речиси два милиона дози вакцини „АстраЗенека“, пренесоа британските медиуми.
Првата пратка со вакцини се очекуваше уште кон крајот на мај, но беше одложена поради долгите консултации, соопшти Јужна Кореја минатиот месец.
Според извештајот на Институтот за стратегија на националната безбедност (ИНСС), што е поврзан со јужнокорејската разузнавачка агенција, Пјонгјанг сега разгледува и други опции поврзани со вакцините.