Светските медиуми изминативе денови пишуваа за разделбата на пејачката и фудбалерот, како и дека разделбата е поради прељуба и дека Пике ја изневерил Шакира со 20-годишната хостеса.
Шакира и Пике решиле да стават крај на гласините и испратиле заедничко писмо.
Тие објавија дека по 12 години врска и две деца се разделуваат, а тоа го објавија во заедничко писмо:
-Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш главен приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето, рекле тие.
Да потсетиме, нивната љубовна приказна започна пред 12 години на Светското првенство во Јужна Африка. Тие имаат два сина – Милан и Саша.