Министерот за образование и наука Јетон Шаќири соопшти дека во текот на утрешниот ден после владината седница ќе имаат решенија за учениците од основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка, каде два месеци нема настава поради бојкот и блокади на дел од родителите.
– Во текот на денешниот ден и исто така и утре после владината седница што ќе ја имаме.Ќе имаме конкретни известувања за тоа што е решение за Општина Чашка. Но едно можам да кажам сега дека, сега сме при крај за изнаоѓање на решенија на тоа што повеќе од два месеца се случува во Чашка. И работиме за сите ученици, без разлика на националноста на која им припаѓаат според уставното право да имаат право на образование на мајчин јазик. Денеска или најдоцна до утре ќе ги има конкретните одговори што се однесуваат во дискусијата помеѓу Владата, МОН, Советот на родители и претставници на локалната самоуправа, изјави Шаќири.
Проблемите почнаа кога беше определено да има паралелка на албански наставен јазик. Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите е насилно и незаконски.