Во кратка изјава за печатот, Шаленберг зборуваше дека на земјата и претстојат многу задачи и оти е ова период на предизвик. Тој рече дека бил изненаден од неговото неочекувано „унапредување“, и најави дека ќе зборува подетално откако ќе положи заклетва, а тоа треба да биде утре.
Пред состанокот со претседателот, Шаленберг разговараше со вицеканцеларот Вернер Коглер без присуство на медиумите.
Што се однесува до позицијата – шеф на дипломатија, има неколку варијанти, од кои едната е министерката без ресор задолжена за европски и уставни прашања, Каролин Едштадлер, но и генералниот секретар во Министерството за надворешни работи, Петер Лаунски-Тифентал.
За сите промени во владата, прво е потребно Курц формално да поднесе оставка до претседателот на Австрија, а потоа новиот канцелар ќе даде заклетва.