Шеесетгодишна скопјанка пријавила физички напад на автобуска постојка во центарот на Скопје, информира МВР.

Според пријавата, на 14 февруари во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А. (60) од Скопје пријавила дека на 12 февруари околу 06:50 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар, била физички нападната од женско лице.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.