Израелскиот полициски комесар во петокот ги повика еврејските доселеници кои имаат дозвола за огнено оружје да го носат поради тензиите со Палестинците.
Коби Шабтаи ова го изјави по нападот во близина на населбата Хамра, на северот од окупираниот Западен Брег, во кој загинаа двајца еврејски доселеници, а третиот беше тешко ранет.
„Ова е убиствен напад, кој не потсетува колку е сериозна заканата од непријателските активности. Го поканувам секој граѓанин кој има дозвола за огнено оружје и е вешт во легално ракување со него да го носи овие денови“, рече Шабтаи, пренесува Анадолија, цитирајќи го весникот „Ерусалим пост“.
„Загрижувачка ситуација“
Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви претходно во петокот нареди повик на дел од резервните сили, со акцент на воздушната одбрана и офанзивните формации во воздухопловните сили.
Во петокот рано наутро израелската војска изврши серија воздушни напади врз цели во Газа и Либан, тврдејќи дека тоа се позиции на палестинската група Хамас.
Палестинските групи на отпорот во Газа исто така истрелаа ракети врз израелските населби во близина на Појасот Газа.
Тензиите се зголемија во последните денови, по израелските напади врз верниците во џамијата Ал Акса.