Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, пренесува Нова Македонија.
Пејачот откако го подметна пожарот, во кој изгоре вратата на центарот, беше притворен, за неколку дена подоцна да биде пуштен во домашен притвор. Подоцна му се даде можност да се брани од слобода.