Станува збор за набавка, како што наведуваат од град Скопје, спроведена низ високо транспарентна постапка на меѓународен тендер кој траел шест месеци и чија вредност изнесува 1,7 милиони евра со ДДВ.
– Со цел спречување на ширењето лажни вести и дезинформирање на јавноста, побаравме од ДКСК, преку своите механизми, да спроведе постапка за утврдување на наводните нерегуларности и на тој начин да ги информираме граѓаните на Скопје за уредноста на постапката при набавката на ваквата противпожарна скала, вели Шилегов во барањето до ДКСК.
Командатот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека противпожарната скала за Град Скопје е повеќе од неопходна и е купена по нивна препорака и врз основа на направена анализа.
– Оваа противпожарна скала е од ист тип и од ист производител како противпожарната скала во Загреб, но овде станува збор за различна дополнителна опрема. Секогаш дополнителната опрема се доплаќа дополнително и затоа е разликата во сумите за набавка меѓу скопската и загребската скала. Со оваа дополнителна опрема што ја купивме, можеме да кажеме дека граѓаните од Скопје кои живеат над петтиот кат, ќе бидат безбедни, нагласи Симоновски.
На тендерот се јавила само унгарската компанија „Хороскоп“. Самиот производител, според него, е должен да обучи осум пожарникари и лица кои ќе ракуваат со опремата бидејќи станува збор за специфична повеќенаменска опрема. Самата корпа на скалата има дополнителна носилка за повредени и дополнителна ПП опрема.
Од ВМРО ДПМНЕ реагираа дека противпожарното возило со скала произведено од истиот производител како тоа купено од Град Скопје, градот Загреб го платил по повеќе од двојно пониска цена, односно 794.052 евра плус ДДВ. Од таму, потенцираа и дека во зделката е вклучен и зетот на секретарот на Град Скопје.
Прес конференцијата на опозициската партија можете да ја погледнете со клик ТУКА.