„Тие само потрошија 16 милијарди пари на граѓаните, да зборуваме за 6 илјади фамилии кои ги завија во црно, повеќе пд 6 илјади граѓани починаа од корона, ајде да зборуваме за економија ги ветуваа Гугл, Фејсбук, Икеа. На дното сме по домашни и странски инвестиции. Осум од 10 мои студенти ја напуштаат Македонија“, кажа Мицкоски.
Мицкоски се осврна и на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, а и кандидат за градоначалник на Скопје и на овие избори.
„Еден мал Зоран, оној Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа во дневна соба. Скопје е единствениот град каде се гради мост од Аеродром до Ќерамидница и завршува директно во семејна куќа. Нема друг таков пример, само Петре може да изгради таков мост“, рече Мицкоски.
Кандидатот за градоначалник ан Карпош, д-р Оливер Зафировски истакна дека општина Карпош е формирана во 1976 година, иако и од пред тоа овој дел од нашиот главен град го носел името Карпош – во чест на Карпош војвода, водач на селското востание од кривопаланечкиот и кумановскиот крај. Подоцна и Христијан Тодоровски – Карпош, народен херој на Македонија од Народно ослободителната борба.
-Чест на обајцата. Карпош е синоним за истрајност и сопствен идентитет во Македонија. И еве, години подоцна оваа општина со големо име, тоне во сивило, безидејност, хаотичност како ништо што прилега на името што го носи, рече Оливер Зафировски, кандидат за градончалник на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг.