Северна Македонија е пример, каде мислам дека ЕУ не беше секогаш многу фер, бидејќи побаравме многу различни работи, а вие ги испорачавте, вака изјавил потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас во изјава за МИА.
Схинас смета дека сега е време кога треба да се премине на отворање на преговорите по поглавја и нивно затворање, но после измената на Уставот и внесување на бугарското малцинство, што е обврска за нас.
-Значи, се на се, позитивен момент за Северна Македонија, рекол Схинас.
Тој верува дека целиот регион ќе биде европеизиран во многу скоро време и дека тоа е неповратен процес.