Шкендија вечерва од 21 часот му гостува на Хибернијан во Единбург, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на конференции. Македонскиот вицешампион ќе се обиде да остане непоразен и да обезбеди поволен резултат пред реваншот во Скопје. Избраниците на Артим Положани претходно ги елиминираа Европа од Гибралтар и словенечки Браво.
Хибернијан важи за фаворит на домашен терен, но во таборот на Шкендија владее оптимизам. Арбин Зејнулаи порача дека првиот натпревар нема да го реши патникот во плејофот и дека екипата мора да биде максимално внимателна. Тој нагласи дека фудбалерите се подготвени и целосно фокусирани на задачите за дуелот во Шкотска. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Истер Роуд“.
