Меган Маркл и нејзините адвокати правеле се што можат за да го саботираат пишувањето на книгата.
Принцот Хари не е единствениот кој ќе објави книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, пишува „Дејли меил“.
Бауер вели дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена оваа есен.
– Дознав работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе биде полоша, но во секој случај тоа ќе биде големо изненадување – вели Бауер.
Нему му било тешко да дојде до информации, вели тој, бидејќи луѓето најчесто не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле се за да го саботираат пишувањето на книгата.