– Пресудата за убиството во берлинскиот парк е јасен показател дека се случиле лоши работи и затоа германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок даде конкретен одговор на тој случај“, изјави Шолц.
Вчера Судот во Берлин осуди руски државјанин на доживотен затвор за убиството на Кангошвили од пред две и пол години.
Судот го прифати тврдењето на обвинителството дека убиството било нарачано од руски државни агенции, што Кремљ го негираше.
По пресудата, германското Министерство за надворешни работи оцени дека Берлин на убиството гледа како на „кршење на законот и суверенитетот“ и протера двајца руски дипломати.
Како што објави Шпигел, повикувајќи се на свои извори, Берлин има намера да ги убеди шефовите на држави на денешниот самит на лидерите на ЕУ да усвојат заедничка изјава во која ќе се осудат руските дејствија во врска со убиството на Кангошвили.
„Шпигел“ наведе дека ЕУ преку соопштение може да се закани со нови санкции, но дека тие се малку веројатни.