Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеф Борел во својата изјава по средбата рече дека е договорено ниво на self-governance на српските општини.
Во Анкесот пак стои: „Косово веднаш ќе покрене преговори во рамки на дијалогот со ЕУ за да се оствари адекватно ниво на самоуправа на српската заедница на Косово, во склад со претходниот договор“.
Формулацијата Заедница на српски општини не се споменува на директен начин. Во следните 30 дена треба да се формира заедничка комисија која ќе го надгледува спроведувањето на договорот.Освен тоа, двете страни се обврзуваат итно да ја применат Декларацијата на исчезнати особи, а Европската унија ќе организира донаторска конференција за финансиска помош на Косово и Србија, но средствата нема да бидат доделени се додека сите делови од претходно постигнатиот договор не бидат спроведени.
Анексот не дефенира една точка до Договорот која во Србија различно се толкува, а тоа е дека Србија нема да го спречува зачленувањето на Косово во меѓународните организации.Како што најавуваше пред средбата дека ништо нема да потпише во Охрид, Вучиќ остана на својот збор. И покрај ова европските претставници беа задоволни од исходот и сметаат дека е постигнат договор.
Преговорите се водеа во вилата „Биљанини извори“, која во минатото беше во сопственост на југословенскиот претседател, Јосип Броз Тито.