По повеќе од два месеци од парламентарните избори и по седум изборни циклуси за четири години, Бугарија конечно формираше Влада која ќе ја предводи Росен Жељазков. Тој го доби мандатот од претседателот Румен Радев, а владиниот кабинет доби поддршка од 125 пратеници во Народното собрание.

Росен Жељазков е нов премиер на Бугарија

Росен Жељазков е избран за нов премиер на Бугарија. За Владата гласаа 125 пратеници, „против“ беа 114, а немаше воздржани. Со истото мнозинство, Народното собрание го избра и составот на кабинетот на Жељазков. Новата Влада е составена од коалицијата ГЕРБ-СДС, БСП и „Има таков народ“, со поддршка од партијата на Ахмет Доган. Во фокусот на Владата ќе бидат економијата и владеењето на правото.

Отворени прашања за односите со Македонија

Останува прашањето дали новата Влада на Жељазков ќе биде отворена за дијалог со македонската дипломатија, со цел приближување на ставовите во пристапниот процес на Македонија кон ЕУ. Георг Георгиев од партијата ГЕРБ на Борисов е назначен за нов шеф на бугарската дипломатија.

Македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на работен појадок со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ, нагласи дека патот на Македонија кон ЕУ е условен од билатерални прашања. Тој истакна дека Македонија останува доследна на исполнувањето на сите преземени меѓународни обврски, вклучувајќи го Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија.

Мицкоски – Борисов

Премиерот Мицкоски е категоричен дека Владата не отстапува од предлогот уставни измени без добиени гаранции за нови притисоци од соседите. Тој се надева на договор со новиот владин состав во Бугарија каде сѐ поизвесно дека Борисов ќе ја формира идната влада.

Мицкоски категоричен дека нема менување Устав без гаранција: Можен ли е компромис со Борисов?

Што изјави Мицкоски кога Борисов победи на изборите?

Мицкоски: Поддршка за Борисов и ГЕРБ на изборите во Бугарија, oчекувам стабилни односи и решавање на несогласувањата

Изјава на премиерот Жељазков

„На Бугарија ѝ е потребна редовна Влада за да се реализираат политиките за поддршка на демократското владеење на правото, конкурентноста на нашата економија, безбедноста, одбраната и социјалните права на граѓаните,“ изјави Жељазков.

Долготраен процес за формирање Влада

По повеќе неуспешни обиди во изминатите четири години, седум изборни циклуси и два и пол месеци од последните парламентарни избори, Бугарија конечно доби редовна политичка Влада.