Мобилниот телефон пронајден во џебот од панталоните на Матеј може да одговори на прашањето зошто младиот човек од Сплит истрчал од клубот во кобната ноќ во маица, трчал по улиците па се спуштил до реката каде се удавил.
Главното прашање е зошто Матеј таа вечер ги оставил пријателите, истрчал од клубот и потоа влегува или паѓа во вода.
Картичката може да се зачува и да се извлечат податоци од неа.
Според форензичарот Бранислав Благојевиќ, најважно за почеток е состојбата на телефонот кој е пронајден заедно со телото и дали има механички оштетувања на истиот.
– Во 99 проценти од случаите во кои сум работел со вакви или слични телефони, ништо не останало од телефонот, особено ако толку долго бил во вода. Но, картичката може да се спаси и по толку време, а МВР може да чита податоци од неа, особено оние од последните неколку дена, што ќе значат нешто во истрагата – изјави Благојевиќ за медиумите.