Рударите вработени во најголемата полска компанија за јаглен денеска ја блокираа испораката фосилно гориво од државните електрани, барајќи повисоки плати.

Демонстрантите ги запреа возовите што излегуваа од рудникот Халемба и другите рудници на „Полската група за ископување јаглен“ во Шлезија, регион во јужна Полска, пренесува АП.

Рударите побараа повисоки плати за викендите и јасни гаранции дека платите ќе се зголемат годинава за да се неутрализираат ефектите од растот на инфлацијата која во ноември достигна 7,7 отсто.