Од среда, шведската влада ги укинуваа ограничувањата за влез на странски државјани кои патуваат во Шведска од нордиските земји и остатокот од Европската унија и Европската економска област.

Владата ја објави одлуката денеска, пренесе Ројтерс.

Забраните за патување кои се воведени за да се намали ширењето на коронавирусот ќе бидат укинати истиот ден како и ограничувањата кои беа продолжени минатиот месец.