Шведската Влада предложи уште еден пакет за поддршка на Украина во вредност од 3,4 милијарди шведски круни (287 милиони евра), истакна денеска на прес-конференција шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон.
Пакетот за поддршка се состои од муниција и резервни делови за борбени возила, тенкови и артилериско орудие Арчер. Вклучени се и транспортни возила, како што се камиони и опрема за деминирање, пренесува шведскиот јавен сервис SVT.
Како што се наведува, тоа е 13-ти пакет шведска помош наменета за Украина.