Во свое лично име и во име на македонските граѓани, Сиљановска-Давкова упати желби за просперитет и за сестран развој на САД и „за благосостојба на пријателскиот американски народ“

“Овој 4 Јули, американските граѓани ја прославуваат 248-годишнината од усвојувањето на Декларацијата за независност и ги слават принципите на слобода и на еднаквост коишто се вградени во овој документ, што претставува инспирација за многу народи во светот.

Стремежот на татковците на американската нација да формираат влада, којашто го застапува и ја црпи својата моќ од народот е подеднакво валиден до денешен ден и за многу други народи и концепти на управување, вклучувајќи го и македонскиот“, пишува Силјановска.