Силно гранатирање денеска имало долж поголемиот дел од линијата на фронтот во регионот на Доњецк, соопштија украинските власти.

Павло Кириленко, раководутел на регионалната воена управа на Доњецк, изјави дека „ биле нападнати речиси сите населени места во регионот Доњецк, долж линијата на фронтот “.

Тој укажа на тешката состојба во градот Маринка каде, како што рече, од почетокот на руската инвазија настрадале 11 цивили.

-Градот е значително оштетен при што се уништени стотина куќи, погодени се 13 високи згради и три училишта, вели тој.

-И покрај постојаното гранатирање, цивилите секојдневно се евакуираат од заедницата. До денес од Маринка се префрлени најмалку 350 лица, рече Кириленко.