Европа ќе продолжи да ѝ дава максимална сеопфатна поддршка на Украина и истовремено ќе го засилува притисокот врз Русија. Европската Унија планира целосно ангажирање во мировните преговори за постигнување одржлив и траен мир.

Обраќајќи се на пленарната седница на Европскиот парламент, беше порачано дека војната мора итно да заврши поради децата што се родени по почетокот на руската инвазија и кои воопшто не знаат за мирен живот надвор од воените дејствија, стои во официјалното соопштение на Европската комисија.

„Руската агресивна војна против Украина веќе трае подолго од Првата светска војна. Децата родени кога руските тенкови за првпат ги преминаа границите на Украина, сега достигнуваат училишна возраст. Оваа војна мора да заврши, заради овие деца“, напиша Фон дер Лајен.

Русија во текот на септември и октомври изгуби значително повеќе територија отколку што успеа да освои, соочувајќи се со огромни човечки загуби што надминуваат повеќе од 50.000 жртви само во текот на месец октомври.

Москва истовремено ги интензивираше нападите врз украинските урбани центри. Од септември наваму се регистрирани повеќе од 1.000 напади врз клучна цивилна инфраструктура, со директни удари врз електрани, водоводни мрежи и системи за греење.

Од почетокот на воениот конфликт, Европската Унија има обезбедено над 235 милијарди евра помош за Украина. Пакетот опфаќа директна финансиска и воена поддршка, како и наменски фондови за санација на уништената инфраструктура.

Финансиските потреби на Украина за тековната 2026 година се целосно покриени, но проценките покажуваат дека во наредната година земјата ќе се соочи со финансиски дефицит од околу 70 милијарди евра.