– Не е проблем да кажеме колку има евидентирано лица вклучени во различните бази коишто ги користиме за овој попис и тие се транспарентни…За жал, како земја којашто има големи проблеми со миграцијата е што ја немаме евиденцијата на емиграцијата, односно во тие бази многу мал процент се опфатени лицата коишто се надвор од државата“, вели Симовски.
Посочи и дека „манипулации со податоците во пописот се невозможни“ бидејќи при електронското попишување остава траг од секоја преземена операција.
Како што рече тој, целиот систем е под контрола и на повеќе административни бази на податоци.
– Дури и оној којшто при давањето на податоци се обидел да манипулира, со ваков метод на попис, користејќи бази на податоци, тие манипулации се откриваат и се корегираат врз основа на она што е документирано во тие бази на податоци. Тоа се административни бази коишто се документирани, рече Симовски.