Ноќва во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ. (24) од Скопје, кој бил пријавен од неговата 41-годишна мајка дека околу 23:30 часот во семејниот дом во Тетово, физички ја нападнал, а употребил и тврд предмет.
Како што соопштува СВР Тетово, тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
