Полицијата добила пријава за случајот и веднаш реагирала и го уапсила осомничениот. Врз телото на несреќната жена по прегледите констатирани се бројни повреди, пренесуваат медиумите.
Осомничениот е задржан во притвор во траење од еден месец.
Тој треба да излезе пред суд и да се изјасни за обвинението со кое се товари. Во меѓувреме побарано е и психијатриско вештачење за него.
Старицата раскажала во полиција за немилиот настан кој се случил меѓу 3-4 април кога нејзиниот син влегол во нивната семејна куќа во Илијаш во која живееле заедно. Ја повикал во спалната соба за да разговараат за нешто.
Наводно, ѝ рекол дека треба да живеат како маж и жена и дека тоа „ниту црната земја не смее да го знае“.
Исплашената старица одбила да оди во собата, но блудниот син ја зел и да однел во брачниот кревет во нејзината соба.
– Ајде, соблекувај се, и наредил тој, а таа одбила да го направи тоа.
Бидејќи бил посилен од својата 30 години постара мајка, почнал грубо да ја допира по градите, а вознемирената и расплакана жена го молела да престане и го туркала од себе.
Тоа не го предомислило, туку се соблекол и ја силувал жената иако таа го молела да престане, го проколнувала и му зборувала дека е подобро да ја убие. Физички многу послаба, не успеала да се одбрани.