Синдикатите со предупредување ако порасне цената на струјата, ќе следи нов бран поскапување, a граѓаните ќе добијат уште еден удар по домашниот буџет. Според, информациите се бара домашната електрична енергија да поскапи за околу 5 отсто. Од ССМ јасно укажуваат дека ако тоа не се спречи ќе следи еден тежок период. Зголемувањето на цената на лебот ќе биде само почеток.
-Тоа значи уште едно обезведренување на минималната и просечната плата, но и уште едно зголемување на минималната кошница. После ова, доколку се случи цените од сите артикли и сите оние услужни дејности кои што се нормално поврзани со струјата ќе дојде до нивно поскапување.
Така што мислам дека ќе не очекува еден тежок период, но да се надеваме дека ќе се најдат одредени решенија, вели Љупчо Радовски од ССМ.
Целиот текст на ТВ Телма