Сакам да го поздравам вака јавно, адвокатот Драган Стари Пешевски, човек кој дава безрезервна поддршка на татко ми Горан Ангелов и за чие застапување никогаш не побарал наплата.

Деведесет и кусур судења, никогаш не ги наплатил. Ни жалби, ни поплаки.

И во својот последен ангажман, за случајот со активистот на Левица од Прилеп кој е прогонуван од Заев, Драги договорените средства за негов ангажман во одбраната, ќе ги донира на некое од семејствата на уставобранителите кои се во затвор.

Некој го запознава сега, јас таа среќа ја имам да го знаам малку подолго, и може слободно да кажам дека овој лик е вистинско освежување на социјалните мрежи. Полн со харизма и хумор, но и семеен човек кој знае да се радува на животот и моментите со најблиските.

Драги брате, малку се како тебе кои даваат надеж дека хуманоста не е изумрена.

Благодарам за поддршката на браќата и од срце све најдобро за тебе и твоето преубаво семејство.

Да драги мои, во Македонија има и адвокати со срце, не само адвокати џелати.