Скандалот силно одекна во бразилскиот фудбал и тоа непосредно пред стартот на Копа Америка, која ќе се игра во Бразил, откако Аргентина и Колумбија ја загубија организацијата, но фудбалската селекција не сака да игра поради хаосот со пандемијата со коронавирус во земјата, а Бразил е најголемо жариште и претрпе вистински ужас од опасниот вирус.

Кабокло доби суспензија од етичката комисија, откако го разгледале случајот после пријава од вработена за сексуално вознемирување и мобинг. Во обвинението против него, тој неколкупати сексуално ја вознемирувал вработената, а уште многупати и вршел психички притисок во изминативе неколку месеци. Тој сега привремено е суспендиран додека не се утврдат сите факти и додека етичката комисија не донесе конечна одлука.

Инаку првиот човек на бразилскиот фудбал беше на удар на јавноста поради одлуката да прифати да се игра Копа Америка во оваа земја, а против него беше и градоначалникот на Рио де Жанеиро, кој дури му најавил дека може и да се одложуваат мечеви, во зависност од епидемиолошката состојба.