Почитувана јавност, ова е само дел тортурата, со која се соочуваа во изминатите четири години, вработените во Општина Лозово и во институциите кои потпаѓаат под општина Лозово!, реагира Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Лозово.
Во нормална држава, Премиерот веднаш би побарал од Градоначалникот после ваквите скандали да си поднесе оставка и истиот ќе го осуди..
Но, ова е Македонија каде што Премиер е Зоран Заев, творецот на онаа познатата „Живи луѓе има да јадеме кога ќе дојдеме на власт. Ќе бркаме се од хигиеничарка до министер“.
И воопшто не не чуди изјавата на Ацо Велковски, кој после се ова, и бројните кривични пријави кои се водат против него, не гледа никаква причина зошто не би бил по втор пат предложен како кандидат за Градоначалник од редовите на СДС во општина Лозово.
Велковски исто така потврди дека јавните укори од премиерот Zoran Zaev не го довеле во прашање неговото партиско кандидирање како единствен КАНДИДАТ за Градоначалник од редовите на СДС..
Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ од Лозово на ова ќе одговори кратко и јасно: Ова е вистинското лице на СДС!! Ова е почеток на падот на ТИРАНИЈАТА спроведувана од страна на АЦО ВЕЛКОВСКИ и СДС во Лозово
Во периодот што следи ќе бидат презентирани уште многу незаконски дејствија и скандали, поткрепени со докази и кривични пријави.. Следете не!!, стои на социјалните мрежи