Лидерот на ДУИ Али Ахмети објави дека Скендер Реџепи, Скендер Реџепи ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје

Скендер Реџепи ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје од Европскиот фронт. Тој е пратеник и претседател на политичката партија Народно движење. Кандидатурата на Реџепи ја објави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на неговата Фејсбук страница.

Ахмети истакна дека оваа одлука е резултат на консултации со лидерите на партиите во Националната алијанса за интеграција. Одлуката, според него, била донесена едногласно, со целосна поддршка од сите партнери во Европскиот фронт.

„По консултациите со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција, со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде Скендер Реџепи кој е претседател на политичката партија Народно движење. Дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, се вели во објавата на Ахмети.

Ахмети додаде дека Скендер Реџепи има јасна визија и претставува алтернатива за Скопје. Според него, главниот град заслужува еднаков развој, одговорно водство и градоначалник кој ќе работи за интересите на сите граѓани.

„Националната алијанса за интеграција убедена е дека со Скендер Реџепи – Зејд, Скопје ќе има градоначалник кој ја знае реалноста, ги слуша граѓаните и работи за сите подеднакво“, нагласи Ахмети.

Скендер Реџепи како кандидат за градоначалник на Скопје добива поддршка и од други политички субјекти вклучени во Европскиот фронт. Коалицијата најави активна кампања во наредниот период, со фокус на градски политики, реформи и инклузивен развој.