Денеска (21 .09.2021) околу 09.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(47) од Скопје. При претрес, извршен со судска наредба, во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана, саксии со канабис, гранки со цвет од канабис и суви гранки од канабис.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.