СВР Охрид поднела кривична пријава против Д.В.(71) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, информира денеска МВР.
– На 13.01.2021, пријавениот на „Фејсбук“ од неговиот профил поставил коментар со навредлива и заканувачка содржина, со што поттикнувал омраза, дискриминација и насилство, соопшти Министерството.